Имате ли прашања околу ракот?
Доверлив разговор со медицинска сестра од одделението за рак при Советот за рак.
Нашата пријателски расположена медицинска сестра од одделението за рак може:
- да ви испрати информации за рак.
- да ви ги појасни испитувањата и третманите за рак на лесно разбирлив начин.
- да зборува со вас за тоа како се чувствувате, за било какви стравови или прашања што може да ги имате.
- да ви обезбеди информации за услугите кои може да ви бидат од помош, вклучувајќи правна и финансиска помош.
Со помош на преведувач зборувајте со медицинска сестра од одделението за рак.
Јавете се на 13 14 50 по цена на локален повик (не важи за мобилни телефони) од понеделник до петок од 9ч наутро до 5ч попладне и следете ги овие чекори:
- Кажете кој јазик ви треба
- Почекајте на телефон да ве поврзат со преведувач (тоа може да потрае до 3 минути).
- Побарајте преведувачот да се јави во Cancer Council Victoria (линија за помош при викторискиот Совет за рак) на 13 11 20.
- Ќе ве поврзат со преведувач и медицинска сестра од одделението за рак.
PDF листови (Fact sheets)
За да ги видите следниве датотеки треба Adobe Acrobat Reader. Преземете ја БЕСПЛАТНО.