Како дел од Месецот на рак на простата, Cancer Council Victoria ги охрабрува мажите над педесет години возраст и оние со историја на рак на простата во семејството да разговараат со својот лекар за ризикот од рак на простата и да решат дали тестирањето е за нив.
Ракот на простата е најприсутниот внатрешен рак кај мажите во Викторија и втор причинител за смрт од рак. Еден на осум мажи ќе добие рак на простата во неговиот живот. Староста е најголемиот ризик за добивање рак на простата, со 85% нови случаи и 96% на смртни случаи кај мажите постари од шеесет години. Семејна историја на рак на простата кај близок член на семејство (татко, брат, син) исто така го зголемува ризикот од заболување.
"Моментално не постои програма за населението за откривање на рак на простата од причина што иако тестовите се достапни и често пати многу корисни, не секогаш од нив може да се заклучи дијагнозата. Уште повеќе, со тестовите не може да се направи разлика меѓу рак на простата кој не е штетен и оној кој може да предизвика смрт. Затоа, ние препорачуваме мажите добро да се информираат пред да донесат решение за тестирање за рак на простата со разговор со нивниот општ лекар за можните користи, ризици и непознаници, како и начините на лекување и споредни појави, " рече раководителот на Cancer Education Programs при The Cancer Council Victoria, Alison Peipers.
"Имајќи еден или повеќе ризични фактори не значи дека ќе добиете рак на простата и болеста е ретка кај мажите помлади од 45. Меѓутоа, ако верувате дека има причини да добиете рак на простата, треба да разговарате со својот лекар за тоа што ве загрижува и можностите за тестирање," рече г-динот Peipers.
Ракот на простата може да се јави без никакви симптоми. Меѓутоа, кога има симптоми тие се: често мочање, особено ноќе, болки при мочањето, крв во мочката и слаб млаз. Овие симптоми може да се јават од редица причини и не значи дека се знак на рак на простата.
Меѓутоа, Cancer Council сериозно му препорачува на секој маж со вакви симптоми веднаш да разговара со својот лекар.
За повеќе информации за рак на простата и други видови на рак, јавете се на Cancer Council Helpline на 13 11 20, или посетете ја нашата интернет страна www.cancervic.org.au