Сфатете ја сериозно опасноста од рак - 12-02-2008

Tuesday 12 February, 2008 Се повикуваат Македонците во Викторија сериозно да ја сфатат опасноста од рак ова лето.

Програмата SunSmart на Cancer Council вели дека ракот на кожата е многу почесто заболување од било кој друг рак и може да биде подеднакво смртоносен. SunSmart ги потикнува македонците во Викторија да превземат
пет едноставни чекори за намалување на опасноста од заболување од рак.

Раководителот на SunSmart програмата Kylie Strong вели, во Викторија ние треба да бидеме SunSmart од септември до крајот на април.

"За ова време, УВ зрачењето може да ја оштети кожата и да предизвика рак на кожата. Користете комбинација од следните пет едноставни чекори за заштита од сонцето секогаш кога УВ зрачење е 3 или повеќе."

  1. Облечете облека да ве заштити од сонцето - да покрива што поголем дел од кожата
  2. Користете SPF30+ средство за сончање - да биде со широк спектар и отпорно на вода. Ставете го средството 20 минути пред да излезете на сонце и на секои 2 часа после тоа. Средството за сончање не треба да биде причина за продолжен престој на сонце
  3. Ставете капа - која ќе го заштитува лицето, главата, вратот и ушите
  4. Побарајте сенка
  5. Ставете очила за сонце - тие треба да ги исполнуваат стандардите
    на Австралија

"Особено е важно да бидете внимателни помеѓу 11.00 и 15.00 час. кога УВ зрачење е најсилно," вели г-ѓата Strong.

"Вие може да изгорите и на свеж и облачен ден, затоа е важно да го проверувате на SunSmart УВ зрачење секодневно."

Нивото на УВ зрачење може да се проверува секојдневно ако ги следите извештаите за SunSmart УВ зрачење, кое се известува во секцијата за време во дневните весници. Нивото на УВ зрачење може да се добие и од метереолошкото биро на интернет www.bom.gov.au/weather/uv.

Информации за заштита од сонцето во Австралија може да се најдат на 17 различни јазици на интернет страната на SunSmart на www.sunsmart.com.au, едноставно следете ја врската под ‘Resources'

Контакт за медиумите: Zoe Furman, тел 9635 5271 или 0408 176 934

for
Donate to Cancer Council Victoria
Cancer Council Helpline 13 11 20